Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 1500 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Овие органски безглутенски шпагети се прават од сладок компир и куркума. Треба да се готват само 5 минути. Едно пакување е доволно за 850 g варени тестенини. Вкусни се послужени топли со сос или послужени ладни во салата.
- Без маснотии
- Вегански производ
Наш предлог за рецепт: Шпагети од сладок компир со сос од печурки (за сервирање на 4-5 лица).
Потребни состојки:
- 250 g мешани печурки
- 30 g пармезан
- 125 g павлака
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
Сол, бибер и прстофат шеќер
250 g шпагети од сладок компир
Начин на подготовка:
1. Исецкајте ги печурките и пропржете ги без масло во загреана тава додека не поруменат, додадете масло и лук, зачинете со сол, бибер и шеќер.
2. Гответе ги тестенините во солена вода до ал денте, исцедете ги тестенините, оставете дел од водата од тестенините.
3. Измешајте ги пармезанот и печурките во шпагетите, ставете ја павлаката и додадете неколку лажици вода од тестенините доколку е потребно.
Начин на употреба: Додадете ги тестенините во зовриената солена вода и варете ги 5 минути додека да станат ал денте. Откако ќе се сварат, полејте со малку оцет врз тестенините за да ја задржат убавата боја.
Состав: Сладок компир* (95%), куркума* (5%).
*од сертифицирано органско земјоделство
Складирање: Да се чува на ладно и суво место, заштитено од топлина.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1501 kJ/354 kcal
Масти: < 0,5 g
од кои заситени: < 0,1 g
Јаглехидрати: 86,4 g
од кои шеќери: < 0,5 g
Растителни влакна: 3,1 g
Протеини: < 0,5 g
Сол: 1,5 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Цена со 5% ДДВ.
Цена со 5% ДДВ.
Оставете коментар